|
Додека Мадона по медиумите изјавува дека нејзиниот екс-сопруг, Гај Ричи е нејзината единствена љубов, тој утеха побара во две убавици од Црна Гора. Бритнскиот режисер е фатен на дело во друштво со сестрите близначки Кристина и Катерина Кнежевиќ, поранешни кандидатки за Мис на Србија и Црна Гора.
Покрај дружбата на плажа, каде што му пријдоа сестрите, забавата продолжи и на вечера кога фотографите неочекувано добија дозвола да ги фотографираат. Кристина и Катерина на финалето за Мис во Белград стигнаа благодарејќи на влезот во првите десет кандидатки во Црна Гора. „Некој поголем успех не постигнаа затоа што имаа само петнаесет години“, изјавила организаторката на „Мис Ју“, Весна Де Винца. Интересен сегмент од изборот во таа година било тоа што во финалето влегле и Мила Кнежевиќ и Ивана Кнежевиќ, кои не се меѓу себе во никаква роднинска врска, но сепак било премногу од десет финалистки четири да бидат со исто презиме. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|