Филмот Бруно забранет во Украина
17-07-2009 10:35

Филмот Бруно забранет за УкраинаУкраинската Влада поради премногу голотија и геј секс го забрани прикажувањето на филмот „Бруно“ на режисерот Саша Барон Коен. Министерството за култура оценило дека Бруно е неприкладнен за јавноста и поради тоа одби да и даде дозвола на оваа комедија да се прикажва во Украина.
Како што пренесува Ројтерс, поранешната советска држава која негува конзервативни ставови кон хомосексуалноста не го сака Бруно во своите Кина и одбива да ги прифати уметничкото прикажување на сексуалните сцени, хомосексуалното однесување, простачкиот јазик и садизмот како нормални.
Ова не е првпат комичарот да се соочи со забрани за прикажување. Во Британија пак, филмот во кој Австралискиот хомосексуалец патува во Америка за да се прослави е забранет за помлади од 18 години. Во 2006 година, Украина од слични причини го забрани и Борат. А Русија пак прикажувањето на Борат го забрани поради исмејување на нејзиниот сосед и сојузник Казакстан.
Во Ирска и Британија Бруно се наоѓа на првото место на топ-листите а во првиот викенд заработи преку 5 милиони фунти. Филмот беше на чело на топ-листата и во САД.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари