 Кралицата на ромската песна Есма Реџепова (65) го доби спорот со Борат. По неколку години тужби и спорови, Есма на крај сепак доби оштета од 26.000 евра за тоа што Саша Барон Коен без дозвола ја искористил нејзината песна „Чаје Шукарије“ во Борат. Иако, оригиналното побарување за оштета беше на сума од 800.000 евра, сепак излезе дека Коен баш и не ја украл.
"Од Саша барав 800.000 евра, но излезе дека тој добил одобрување од мојата продуцентска куќа за користење на песната без јас да бидам известена. Што е најлошо, тие не го прочитале сценариото, па мојата песна заврши во филм кој ги исмејува Ромите, Евреите и Американците," изјавува Есма. Заради инцидентот, Есма решила и да ја промени продуцентската куќа и сега снима за германската компанија Network. Есма изјави дека добила улога во еден нов хрватски филм за ромите.
|
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|