 „Крушево“ и „Се уште сонувам дека сме заедно“ се насловите на двете нови песни од Тоше Проески, кои ќе бидат претставени на Градскиот стадион во Скопје, на 5 октомври, кога ќе се одржи голем хуманитарен концерт посветен на трагично починатата музичка ѕвезда.
Kaкo што пишува порталот pressonline.rs, веста е обелоденета за време на предавањето на тродимензионалниот кардиоваскуларен ехо-апарат во болницата во Крушево, што е поклон од родителите на Тоше, Никола и Доменика, кои ја продолжуваат хуманитарната мисија на својот син. Апаратот, вреден 25.000 евра го поклониле како дел од акцијата на хуманитарниот фонд „Тоше Проески“, кој е основан од неговото семејство. Следната акција е медицинска опрема за скопската детска клиника. Оти, децата беа негова голема љубов. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|