 Англискиот фудбалер, Дејвид Бекам одбил во новата кампања за модната куќа Армани да позира со сексипилната Анџелина Џоли, а како причина за одбивањето го навел фактот дека е оженет. Триесет и четиригодишниот Бекам, кој е заштитното лица на „Armani“ долната облека, не сака да се соблече за жешка реклама со една од најпосакуваните жени во светот, бидејќи тоа не е неговата сопруга Викторија.
„Анџелина е прекрасна, исто како и Бред Пит. Тие се неверојатен пар и имаат прекрасно семејство. Не би се сликал во секси пози со неа, бидејќи сум оженет“, изјави џентлменски Бекам. Иако Дејвид неодамна направи жешки фотографии за линијата на „Армани“ на интимна облека, заедно со својата сопруга Викторија, Анџелина веќе била видена на местото на Викторија во нови предизвикувачки пози со познатиот фудбалер. Позната холивудска убавица, неодамна стана заштитно лице на новиот парфем „Armani“, па се очекуваше во новата рекламна кампања да и се придружи Бекам, но за жал тој ја одби.
|
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|