Шоубизнис
Анџелина Џоли е повторно бремена
Семејството Џоли Пит, пред крајот на ова година, ќе го добие својот седми член.  Магазинот Star објави ексклузивна приказна во која тврди дека Анџелина Џоли е повторно бремена. Ова се случи во вистинско време, токму кога односот им се распаѓаше тврди за американскиот магазин, близок пријател на семејството Џоли Пит. Најатрактивната холивудска двојка со месеци се обидуваше да добие дете, и по позитивниот тест за бременост, Анџелина и Бред конечно се среќни и мирни.
Повеќе...
 
Саманта Фокс ќе се жени со својата менаџерка
Некогашната секс бомба, Саманта Фокс (43), пред 6 години јавно призна дека е лезбејка, а деновиве ја објави свршувачката со својата менаџерка Мајра Стратон. Саманта призна дека долго време го чекала да дојде принцот на белиот коњ и дека на крајот се вљубила во својата менаџерка Мајра, за која вели дека е нејзината принцеза. „Не можам повеќе да ја сокривам и да ја негирам љубовта, сега сите знаат на кој му го поклонив срцето.
Повеќе...
 
Откриена нова музичка ѕвезда во Британија
Невработената 47 годишна селанка Сузан Бојл, иако со неугледен изглед и можеби престара, сепак се пријавила во шоуто кое бара таленти „Britain's Got Talent“, за да ја покаже својата пејачка способност. Нејзината цел во животот била да стане професионална пејачка. Кога се појавила на сцената, сите ја исмејувале и ја свиркале. Но кога Сузан почнала да пее, работите и тоа како се смениле, Во салата одекнала овација од публиката, а жирито не можело да ги сокрие емоциите од нејзиниот ангелски глас.
Повеќе...
 
Бојан Маровиќ на турнеја низ Македонија
Популарниот црногорски поп-пејач, Бојан Маровиќ ќе направи мини турнеја низ Македонија од 16 до 20 април, со 4 настапи низ клубовите и дискотеките. На 16 април ќе пее во дискотеката „Гламур“ во Струга, а на 17 на Велики петок ќе настапи во познатиот битолски клуб „Расчекор“. На 18 април е закажан настап во дискотеката „Елдорадо“ во Гостивар, а турнејата ќе ја заврши на Велигден, 19 април во дискотеката Платиниум во Струмица.
Повеќе...
 
Битлси одржаа концерт во Њујорк
Легендарната британска група Битлси, поточно тоа што остана од неа, го имаше првиот настап во Њујорк, првпат по цели седум години. Пол Мекартни (66) и Ринго Стар (68) одржаа концерт, од кој приходите ќе ги наменат за хуманитарни цели, поточно во фондацијата на Дејвид Линч, кој промовира трансцендентална медитација за деца во училиштата.
Повеќе...
 
Енике Инглесијас: Имам мал пенис
Латино заводнкот, Енрике Иглесијас не се срами да признае што на неговото тело не му се допаѓа. Тој во интервјуто за „Daily Mirror“ призна дека има мал пенис, па поради тоа никогаш нема да се слика гол. Неговиот татко славниот шпански пејач Хулио Иглесиас, познат е по тоа што спиел со 3000 жени. Енрике редовно ги избегнува јавните тоалети, затоа што не може да изврши мала нужда доколку има некој во близина.
Повеќе...
 
Мадона ќе донира парична помош во Италија
Поп кралицата Мадона ќе подари половина милион долари на земјата на нејзините предци, Италија, за луѓето и местата зафатени од катастрофалниот земјотрес. Фернандо Капарсо, градоначалник на планинското италијанско гратче Пачентро, разговарал со менаџерот на Мадона и дознал дека популарната пејачка ќе подари 500.000 долари за луѓето и местата што се најтешко зафатени од потресот.
Повеќе...
 
Необјавени песни на Тоше во нов албум
Вкупно 26 веќе готови песни, авторско дело на Тоше Проески, на кои им недостигаат само аранжмани, ќе бидат објавени во иднина, неодамна откри неговата сестра Дори. Тие композиции ќе се појават на новиот, постхумно издаден албум на Тоше, но засега не е прецизиран датумот. Македонската музичка легенда, Тоше Проески зад себе остави многу песни, кои ги напиша сам и кои досега не се промовирани во јавност.
Повеќе...
 
Песна која го критикува Крис Браун
Во етерот се пушта песна која го критикува Крис Браун. Песната се вика My Flow So Tight (Мојата надојдена сила) од малку познататa денс група Smoke Jumpers. Во песната се повторува стихот: Треба некој да го истепа Крис Браун. На вебстраницата на бендот песната е наведена како официјалната контра песна на Крис Браун. Радиостаниците во Лос Анџелес, Чикаго и Њујорк неодамна почнаа да ја пуштаат во етер.
Повеќе...
 
Мадона се сели во Малави
Американската поп ѕвезда, Мадона никако не се откажува од својата намера да ја посвои Мерси Џејмс.  Поради тоа поп кралицата купува куќа во Малави за да добие уште една шанса за посвојување на африканското девојче. Британското списание „Океј“ тврди дека поп кралицата планира да купи семејна куќа во Малави откако судот неодамна го одби нејзиното барање за посвојување на тригодишната Мерси Џејмс, со образложение дека Мадона не престојувала во таа африканска земја најмалку 18 месеци.
Повеќе...
 
Анџелина Џоли сака друг маж во кревет
Драмата во врската на најпозната холивудска двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит продолжува, откако актерката неодамна гневно му изјавила на Пит дека навистина би сакала да спие со друг маж, и дека воопшто не би и пречело доколку и тој одлучи да има друга жена. Откако се скараа пред неколку недели, кога славната актерка го фати како ја масира дадилката во нивниот кревет, се создаде хаос во нивниот заеднички живот. Пријател близок до двојката откри дека Џоли не можела повеќе да издржи.
Повеќе...
 
Брегович и Хулич напишаа песна за Бабајич
Победникот на првиот музички регионален серијал „Операција Триумф“, Аднан Бабајич од Живница на 19 април во познатиот белградски центар „Сава“ ќе го одржи својот прв самостоен концерт.  Бабајич на својот прв концерт, премиерно ќе ја изведе и песната, која за него ја напишаа великаните на поп и рок музиката, Тончи Хулич и Горан Брегович. Дебитанскиот албум на Аднан би требало да биде готов до крајот на годината, а ќе го објави дискографската куќа Universal Music Western Balkans.
Повеќе...
 
Анџелина Џоли побара помош од лекар
Популарната актерка, Анџелина Џоли заврши на лекар откако на снимањето на својот најнов филм во Њујорк почувствувала силна главоболка и вртоглавица. Нејзините пријатели велат дека детоксикациската диета почна да зема данок. И за супер жена, каква што Анџелина ја сметаа, премногу е тоа што и се случуваше во последно време. Актерката меѓу сцените од филмот, се пожалила на силни главоболки и тешко дишење.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 7 од 14