Шоубизнис
Александар Тарабунов отпадна од Идол
Александар Тарабунов, македонскиот фаворит за титулата музички идол вечерва не успеа да се пласира меѓу финалистите. За пласман во најтешките елиминации ќе се бори нашиот Бојан на кого може да му помогнат само вашите гласови на отворените телефонски линии. Доста тешка и емотивна вечер за кандидатите од Mакедонија, кои со солзи во очите беа поставени еден спроти друг во моментите на донесување на одлуката кој заминува дома.
Повеќе...
 
Преслава влезе во големото финале
По Магдалена Џанаварова, Преслава Мрувкова е вториот идол, којшто влезе во големото финале. Вчера вечерта за време на концертот Преслава испеа дел од песната на Alicia Keys „If I Ain't Got You“. Нејзината заштитничка на сцената беше Неве од „Аламинут“, која храбро излезе на сцената и ја дигна младата Преслава со зборовите „Таа е толку малечка, а толку прекрасна и личи на мала стаклена статуетка, но има глас“. Можеби токму добрата заштитничка ја спаси Преслава синоќа и ја направи втор сигурен финалист.
Повеќе...
 
Нов брејкденс талент на 73 години
Популарното британското шоу, Britain's got Talent на иста сцена собра многу неоткриени таленти, почнувајќи од Сузан Бојл, преку дечињата со неверојатен глас, па се до новата ѕвезда Фред Бауерс. Пензионираниот 73 годишен градинар стана главна атракција, откако на  последната аудиција за Britain's got Talent, ги покажа своите брејкденсерски вештини, а судиите меѓу кои секогаш е строгиот Сајмон Ковел, навистина беа импресионирани од неговите движења.
Повеќе...
 
Имам мал пенис и вагина
Откако призна дека е бисексуалка, се појавија разни шпекулации за вистинскиот пол на Lady Gaga.(23). Пејачката која е позната по својот контроверзен стајлинг, на општо изненадување на сите, отворено призна дека е хермафродит. За американскиот магазин Star Trashu, Lady Gaga изјави: „Вистина е дека имам два полови органи, и од тоа воопшто не се срамам. Но некако, првенствено се сметам за жена. Мојот пенис е толку мал, што навистина не прави никакви компликации во мојот живот.
Повеќе...
 
Македонија и Србија жртви на евровизиските правила
Оваа година Македонија и Србија не се пласираа во финалето на Евровизија, поради новиот систем на гласање. Според новото правило воведено минатата година, публиката одлучува за само првите девет финалисти. А Бекап жирито на ЕБУ, има право врз основа на свое мислење да ја избере десеттата песна, која ќе влезе во финалето. Според бројот на поени, македонскиот претставник Некст Тајм го освои десетто место во првата полуфинална вечер.
Повеќе...
 
Раде Шербеџија ќе глуми во Хари Потер
Еден од најуспешните актери од поранешна Југославија, Раде Шербеџија ќе глуми во новото продолжение на еден од најпопуларните филмски серијали во последните години, Хари Потер. Шербеџија вели дека уште пред шест месеци знаел дека добил ангажман во седмото продолжение од филмската сага. Раде ќе го гледаме во новите авантури на малиот волшебник од Хогартс, Хари Потер и даровите на смртта“, во кој ќе ја игра улогата на мајстор за изработка на мечеви.
Повеќе...
 
Игри без граници
Кој вели дека само ние пееме странско? Еве три феноменални извeдби на македонски песни препеани од странец, кои ја исполнуваат душата на секој Македонец. Ова навистина прекрасна изведба, потврдува дека и странците пееат македонски песни. Бразилецот кој на You Tube се потпишува како onesef76, перфектно ги отпеа: „Игри без граници“, „Каде сте Македончиња“, и „Со маки сум се родила“.
Повеќе...
 
Голи насликани плејбој зајачици
Во Лос Анџелес, Плејбој зајачиците се соблекоа голи, ги насликаа своите тела и ги покажаа своите атрибути во полна раскош, но овој пат не за голема сума на пари, туку бесплатно за добротворни цели. Поточно за да помогнат во собирањето пари за Wounded Warrior проектот, кој е основан за да им помогне на американските ветерани.
Повеќе...
 
Норвешка убедлив победник на Евровизија
Победник на 54-тиот натпревар за најдобра песна на Евровизија, одржан во Москва е младиот Александар Рибак од Норвешка со песната „Fairytale“. Дваесет и тригодишниот талентиран виолинист  со својата бајка убедливо го освои првото место со 387 бодови, речиси двојно повеќе од второпласираниот Исланд. Младиот Александар Рибак, кој од почетокот на Евросонг важеше за фаворит, на финалната вечер самоуверено ја прераскажа тажната љубовна приказна за девојката која е негова само во бајка.
Повеќе...
 
Анџелина Џоли сакала да се самоубие?
Холивудскиот ѕвезден пар Анџелина Џоли и Бред Пит повторно имале жестока расправија. Бред Пит се појавил во Кан лошо расположен, бидејќи пред доаѓањето на филмскиот фестивал се скарал со Анџелина Џоли, која му се заканила дека ќе се самоубие. „Изгледа страшно и ужасно е несреќна“, изјавил блисок пријател на актерката. Бред Пит и Анџелина Џоли се почесто се расправаат, што според зборовите на пријателите, најмногу ги погодувало нивните деца.
Повеќе...
 
Бев женствена лезбејка сега сум геј маж
Британката, Кетрин Далтон (31) била успешна преубава манекенка. Но под нејзината убавина се криела тајна, која ја мачела со години. Далтон вели дека цел живот се чувствувала како маж, и дека повеќе ја привлекувале девојки. „Со години бев маж заробен во тело на жена. И покрај тоа што бев прекрасна жена, се чувствував грозно, затоа што не бев тоа што сакав да бидам, сега се чувствувам комплетно“ рекол тој. Во неговото детство не постои ништо што би дало одговор на ваквата трансформација.
Повеќе...
 
Пол Њуман имал врска со Џејмс Дин?
И покрај тоа што бил среќно женет со актерката Џоан Вудвард, легендарниот холивудски актер Пол Њуман се забавувал, како со жени, така и со мажи. Новата неавторизирана биографија „Paul Newman: The Man Behind the Baby Blues“ открива дека актерот по кој лудуваа милиони жени бил бисексуалец. Авторот на книгата, Дарвин Портер тврди дека легендарниот актер бил наклонет и кон жени и кон мажи и дека имал сексуална врска со Џејмс Дин.
Повеќе...
 
На автопат му летнале 23.000 евра
Дваесет и три годишен Германец одлучил да купи нов автомобил. Тој од банка подигнал 23.000 евра спакувани во коверти. Пред да го плати, отишол да го испроба автомобилот по автопатот А2 покрај Хановер, Германија. Во моментот кога стигнал на отворениот автопат, сакал потполно да го доживее удобното возење, и го спуштил  кровот на Ауди кабриолетот и додал гас, заборавајќи дека парите ги ставил на задното седиште. Во истиот момент банкнотите од 500 евра почнале да летаат во воздух.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 4 од 14