Шоубизнис
Дух фатен со фото-апарат
“Со својот мобилен ја сликав својата 2 – годишна внука, и ниту во лудило не би можела да помислам дека на фотографијата ќе ја видам својата покојна прабаба.“ “Малечката Пени и јас бевме сами дома и навистина не знам што би можело да го проектира ликот на бабата. Околу нас немаше ни зраци од сонце, ниту телевизор.“
Повеќе...
 
Гај Ричи во прегратка на црногорски близначки
Додека Мадона по медиумите изјавува дека нејзиниот екс-сопруг, Гај Ричи е нејзината единствена љубов, тој утеха побара во две убавици од Црна Гора. Бритнскиот режисер е фатен на дело во друштво со сестрите близначки Кристина и Катерина Кнежевиќ, поранешни кандидатки за Мис на Србија и Црна Гора.
Повеќе...
 
Две нови песни од Тоше Проески
„Крушево“ и „Се уште сонувам дека сме заедно“ се насловите на двете нови песни од Тоше Проески, кои ќе бидат претставени на Градскиот стадион во Скопје, на 5 октомври, кога ќе се одржи голем хуманитарен концерт посветен на трагично починатата музичка ѕвезда.
Повеќе...
 
Сузан Бојл стана елегантна дама
Сигурно се сеќавате на британската пејачка сензација Сузан Бојл, која прв пат се појави во британското шоу "Britain's Got Talent". Тогаш, Бојл изгледаше неатрактивна и можеби престара, а го доби  и прекарот "Бушав Ангел". Како што пишуваа медиумите, Сузан во еден миг не можела да го поднесе товарот на славата, доживеа емоционален слом и заврши во болница. Но брзо се опорави.
Повеќе...
 
Дејвид Бекам ја одби Анџелина Џоли
Англискиот фудбалер, Дејвид Бекам одбил во новата кампања за модната куќа Армани да позира со сексипилната Анџелина Џоли, а како причина за одбивањето го навел фактот дека е оженет. Триесет и четиригодишниот Бекам, кој е заштитното лица на „Armani“ долната облека, не сака да се соблече за жешка реклама со една од најпосакуваните жени во светот, бидејќи тоа не е неговата сопруга Викторија.
Повеќе...
 
Есма го доби Борат
Кралицата на ромската песна Есма Реџепова (65) го доби спорот со Борат. По неколку години тужби и спорови, Есма на крај сепак доби оштета од 26.000 евра за тоа што Саша Барон Коен без дозвола ја искористил нејзината песна „Чаје Шукарије“ во Борат. Иако, оригиналното побарување за оштета беше на сума од 800.000 евра, сепак излезе дека Коен баш и не ја украл.
Повеќе...
 
Го сакам Лампард во мојот кревет
Силиконската секс-бомба и членка на олимпискиот тим во коњички спортови на В. Британија, Кети Прајс, позната како Џордан, откако се разведе од нејзиниот сопруг, пејачот Питер Андре, тргна во лов на разузданиот англиски репрезентативец Френк Лампард, соопштија медиумите на Островот.
Повеќе...
 
Повторно господин и госпоѓа Смит
Најубавиот холивудски пар, Анџелина Џоли и Бред Пит, со цела сила се борат да ја спасат врската. Извор близок до двојката вели дека се во криза поради намалената страст. „Најголем проблем им е тоа што имаат многу успешни кариери и шест мали деца, па поради многубројните обврски емотивно се разделија. Меѓутоа, свесни се за љубовта, која ги држи заедно и ќе дадат се од себе за да ја обноват старата страст, објаснил близок пријател.
Повеќе...
 
Најдобриот светски диџеј во Колосеум
Светскиот диџеј број еден Армин ван Бурен вечерва ќе гостува во скопската летна дискотека Колосеум. Овој холандски прогресив транс-диџеј во светот на музиката е познат и како најдобриот извозен продукт на Холандија,  а во изминативе две години го прогласуваат за најдобар во светот. Тој е продуцент, диџеј и радиоводител. Неговото радио-шоу го слушаат преку 30 милиони слушатели, а албумите "76", "Shivers" и "Imagine" се повеќепати наградувани.
Повеќе...
 
Ријана снима нов албум
По шестмесечниот хаос во нејзиниот приватен живот, пејачката од Барбадос повторно влезе во студио и почна да работи на новиот албум. „На себе ќе си направи нов музички идентитет. Засега има само неколку песни, но преовладува техно звукот“, изјави извор близок на добитничката на Греми наградите.
Повеќе...
 
Вини Џонс ќе го игра Аркан
Вини Џонс ќе ја толкува улогата на покојниот српски злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан, во новиот филм на режисерот Џон Ирвин „Валкана војна“. Снимањето на овој филм за првпат е најавено пред три години, но продуцентите се чини дека дури сега успеаја да соберат пари за негова реализација, пишува британскиот весник „Сандеј експрес“.
Повеќе...
 
Филмот Бруно забранет во Украина
Украинската Влада поради премногу голотија и геј секс го забрани прикажувањето на филмот „Бруно“ на режисерот Саша Барон Коен. Министерството за култура оценило дека Бруно е неприкладнен за јавноста и поради тоа одби да и даде дозвола на оваа комедија да се прикажва во Украина.
Повеќе...
 
Бруно поуспешен и попопуларен од Борат
Новиот филмски хит „Bruno“, на контроверзниот британски комичар Саша Барон Коен, моментално е најуспешен филм во САД. Овој викенд летниот кино хит заработи 30,4 милиони долари, и со тоа го надмина „Borat“. Филмот за моментално најпопуларниот хомосексуалец Бруно, со првото прикажување во САД заработил повеќе милиони од претходниот филм на Саша „Borat“. Приказната за австрискиот хомосексуален моден стилист доби просечни критики од страна на познатите филмски критичари од Холивуд.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 14