|
Џет-сетерката и модната зависничка, Викторија Бекам доби улога во новото филмско издание на култната серија, „Сексот и градот“ во кое ќе глуми зависничка од шопинг и мода. Извори блиски на семејството Бекам потврдуваат дека Викторија интензивно се подготвува за оваа животна улога. Иако ликот кој треба да го толкува, не е многу различен од нејзиниот вистински карактер, Викторија решила да биде темелна и се запишала на часови по глума.
Продуцентите на „Сексот и градот“ и понудиле ангажман уште при снимањето на првиот филм, но Викторија тогаш била зафатена со обидот за кам-бек на женскиот бенд Spice Girls. Снимањето започнува во август, а продуцентите сега се задоволни. Речиси со сигурност, огромниот публицитет, кој ќе го добие новото продолжение на „Сексот и градот“, ќе биде уште поголем поради интересот на медиумите за се што прави славната Викторија. Премиерата се очекува наредната година. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|