| Казна од 2 милиони долари за нелегално симнување песни од интернет |
|
Дека симнувањето песни од интернет е дело што се казнува на своја кожа најдобро го почувствувала Џејми Томас Расет. Сојузниот суд од Минесота ја прогласи 32-годишната Американка за виновна за илегално симнување музика од интернет. Џејми е казнета со 80.000 долари по песна, а бидејќи симнала 24 песни, вкупната казна изнесува близу 2 милиони долари. Ова е прв таков случај за кршење на авторски права во Америка, кој завршил на суд. |
Повеќе... |
| Северна Кореја по 44 години на СП во фудбал |
|
Репрезентацијата на Северна Кореја е последниот директен патник од азискиот континент на Светското првенство во Јужна Африка 2010. За фудбалерите на оваа држава ова ќе биде второ учество на фудбалските мундијали, откако првото учество го имаа 1966 година во Англија. Севернокорејците својот пласман го обезбедија откако го освоија второто место во Групата 2 во азиските квалификации. |
Повеќе... |
| 13 милиони евра плата годишно за Роналдо |
|
Откако оствари рекорден трансфер во историјата на фудбалот, од околу 100 милиони евра Кристијано Роналдо најверојатно ќе собори уште еден светски рекорд. Португалецот во Реал ќе биде плаќан со рекордни 13 милиони евра годишно, тврди мадридскиот спортски весник „Marca“. Со таква плата Роналдо ќе застане на чело на листата на најдобро платени фудбалери во историјата на фудбалот. Досегашниот рекорд со 12 милиони евра годишно го држеше напаѓачот на Интер Златан Ибрахимовиќ. |
Повеќе... |
| Абрамович ја купи најскапата јахта во светот |
|
Познатиот руски милијардер Роман Абрамович, за 340 милиони евра ја купи најскапата јахта во светот, пренесува германската телевизија Дојче Веле. За рускиот олигарх ова е само уште еден предмет со кој ќе се потенцира неговото огромно богатство. Eclipse е најголемата приватна јахта на светот, изработена во хамбуршкото бродоградилиште и ги има најновите технологии за заштита. |
Повеќе... |
|
| Пецевска потпиша за Будуќност |
|
Драгана Пецевска, левото крило на македонската ракометна репрезентација и досегашен капитен на Ѓорче Петров потпиша едногодишен договор со Будуќност од Подгорица. Пецевска е третото ново име во редовите на Будуќност. За црногорскиот шампион веќе потпишаа хрватската репрезентативка Лидија Хорват како и унгарската репрезентативка Пироска Саморански. |
Повеќе... |
| Луѓето кои озборуваат се посреќни и поздрави |
|
Многу луѓе се трудат да се откажат од озборувањето, заради тоа што го сметаат за лоша навика. Но, научниците го тврдат спротивното. Според нив луѓето кои озборуваат се посреќни и поздрави од оние кои не озборуваат. Причина за тоа е зголемување на нивото на прогестерон, хормон кој е одговорен за смалување на мачнината и стресот. |
Повеќе... |
| Харисон Форд најплатен актер |
|
Актерот Харисон Форд се најде на првото место на американското списание Форбс, како актер кој од јуни 2008 до јуни 2009 заработил најмногу пари во споредба со своите колеги. Иако популарните и помлади актери како Бред Пит, Анџелина Џоли, Вил Смит постојано се присутни во медиумите, сепак во однос на состојбата на својата банкарска сметка, тие се во сенката на Харисон Форд. |
Повеќе... |
| Најопасни зборови за пребарување на Интернет |
|
Најголеми шанси вашиот компјутер да се зарази со вирус има доколку на некој од интернет пребарувачите ги впишете зборовите: Free Music Downloads, Lyrics, Free Games, Work from Home, Rihanna, Webkinz, iPhone, Screensavers предупредуваат од компанијата за безбедност на интернет McAfee. Според оваа компанија последниот наведен збор е најопасен, бидејќи 60% од резултатите на пребарувањето во себе содржат малициозни кодови. |
Повеќе... |
|
|
Слушнала некоја плавуша за киднапирање на авион и нашла некој полицаец па го прашала:Не сфаќам како е можно овие авионите, некој криминалец со една пушка да ги киднапира, а тие се толку големи.На тоа полицаецот одговорил: |
Повеќе... |
| Цеца Ражнатовиќ во врска со манекен |
|
Балканската ѕвезда Светлана Ражнатовиќ Цеца по се изгледа дека конечно најде маж по нејзина мерка, објави белградскиот весник Курир. Според весникот, 36 годишната Цеца во последниве недели не се одвојува од 22-годишниот манекен Владимир Вуксановиќ, кој е еден од најбараните модели на модната агенција Клик. Вуксановиќ пред неколку дена присуствувал и на роденденската забава на Цеца, која се одржала на Дедиње, при што и подарил уникатно ланче од бело злато. |
Повеќе... |
| Кина ќе ги блокира порнографските портали |
|
Кинеската влада побара сите компјутери кои ќе се продаваат во земјата од 1-ви јули, да имаат вградено софтвер, кој ќе го оневозможува притапот до вебсајтови со порно содржини. Кинеските власти со ова сакаат да ги заштитат младите од непристојните содржини на Интернет. Wall Street Journal го цитира главниот човек задолжен за изработка на софтверот, кој вели дека основна цел е блокирање на порносајтовите. |
Повеќе... |
| Сонот помага во решавање на проблемите |
|
Сонот му помага на мозокот да ги реши проблемите што ги имаат луѓето, се наведува во резултатите од истражувањето на американските научници. По попладневниот одмор луѓето многу подобро и побрзо размислуваат, а доколку за тоа време и сонуваат, нивните способности се дополнително зголемени. Во истражувањето учествувале 77 возрасни лица, кои беле следени по и пред спиење. |
Повеќе... |
|