| Вокменот прослави 30 години |
|
Пред 30 години на 1 јули 1979, јапонската компанија Сони го произведе првиот вокмен, револуционерен нов апарат кој од корен го промени начинот на кој луѓето слушаат музика насекаде во светот. Но иконата на дигиталната ера, наречена ај-под, веќе успеа да го претрка стариот добар вокмен. Претставувањето на преносливиот касетефон со слушалки на 1 јули 1979 година помогна јапонската компанијата Сони да се издигне во глобален центар за електроника. |
Повеќе... |
|
Реал Мадрид подготвува спектакл за денешното претставување на првото засилување, Бразилецот Рикардо Кака, а на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ се очекува Кака да биде поздравен од повеќе од 50.000 навивачи на Реал. Настанот ќе го следат 50 телевизиски куќи, а акредитирани се 500 новинари. Само што се симна од авионот во Мадрид, Кака кратко им се обрати на шпанските новинари: |
Повеќе... |
| Роси: Пандев е подотвен за голем клуб |
|
Поранешниот тренер на Лацио, Делио Роси верува дека напаѓачот на Лацио, Горан Пандев е подготвен да го напушти тимот и да побара трансфер во некој од најголемите европски тимови. Роси не се сложува со идејата, тој да биде продаден во некој од просечните италијански клубови кои ова лето се интересираат за него. |
Повеќе... |
| Претставен првиот соларен авион |
|
Швајцарскиот авантурист Бертранд Пикард го претстави прототипот на авион што добива енергија од сончевите зраци, надевајќи се дека еден ден со ова еколошко летало ќе успее да го обиколи светот. Првичната верзија на соларниот авион, со распон на крилата од 61 метар и тежина од 1,5 тони, ќе треба да биде темелно тестирана за да се дознае дали ќе може да бидат изведувани и ноќни летови. Летот ќе биде ризичен потфат. |
Повеќе... |
|
|
Една госпоѓа дошла во аптека и од аптекарот бара арсеник. Тој и вели бидејќи се работи за силен отров мора да ве прашам за што ви е потребен? Сакам да го отрујам мажот. Жал ми е, ама во тој случај не можам да ви го дадам. |
Повеќе... |
| Мобилен телефон за деца до 6 години |
|
На европскиот пазар наскоро ќе се појави Фајарфлај, мобилен телефон, кој е посебно дизајниран и поедноставен за да можат да го користат и деца што се во предучилишна возраст. Фајарфлај чини 90 евра, има поедноставени опции, а со помош на безбедносниот ПИН, родителите можат да ги контролираат и блокираат несаканите повици. На тастатурата има пет копчиња, од кои две ги претставуваат мајката и таткото. |
Повеќе... |
| Кинезите го укинаа Google |
|
Министерството за надворешни работи на Кина ја обвини компанијата Google дека преку својот прелистувач на англиски јазик шири порнографија, поради што на Кинезите им бил оневозможен пристап на најголемиот пребарувач на светот. „Англиската верзија на пребарувачот Google во голема мера ја шири порнографијата како и вулгарните содржини, кои сериозно ги нарушуваат кинеските закони и правила“, изјавил министерот за внатрешни работи на Кина, Кин Ганг. |
Повеќе... |
| Болното непце предизвикува губење на меморијата |
|
Губењето на меморијата e поврзано со болеста на непцето, бидејќи болните непца можат да ја влошат менталната функција и штетно да делуваат на мозокот, тврдат научниците од Универзитетот West Virginia „Луѓето мора да знаат дека болното непце е поврзано со губењето на меморијата. Постарата како и младата популација мораат редовно да ја одржуваат хигиената во устата. |
Повеќе... |
|
| Седум златни правила за посреќен живот |
|
Наследните особини и искуствата од детството се само половина од потенцијалот за среќа на еден човек. Другата половина зависи од седум „златни правила“. Имено, преку употребата на различни техники на „ментални вежби“ секој може да достигне чувство на исполнетост и задоволство. Тоа е основниот постулат на таканаречената позитивна психологија, односно „наука за среќата“, чиј автор е американскиот професор Мартин Селигман од Пенсилванија. |
Повеќе... |
|
Блажо и Перо отвориле продавница на 2 спрата. На вратата пишувало имаме се и сешто. Трпе мајтапчијата влегол и побарал 3 кила ништо. Продавачот му рекол оди горе кај брат ми. Трпе се качил горе и побарал 3 кила ништо. |
Повеќе... |
| Мадона најбогата пејачка на светот |
|
Кралицата на поп музиката, Мадона, е прогласена за најдобро платена пејачка на светот, со што се најде на самиот врв на листата на најбогати музичари. Познатото списание „Forbes" ја објави листата на музичари, кои во минатата година заработиле најмногу пари, а врвот на листата убедливо го освои поп иконата со заработка од 118 милиони долари. |
Повеќе... |
|
Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син. Син му дипломирал на еден од нашите приватни факултети. Првата задача му била да го намали бројот на вработените. Влегол во фирмата и почнал да ги набљудува работниците. Гледа дека сите работат освен еден, кој стоел до радијаторот во ходникот и гледа низ прозорот. Доаѓа до него и го прашува: Дечко колку изнесува твојата месечна плата. |
Повеќе... |
|