Рандом Фотка

25555.jpg

Анкета

Што мислите за Лавиринт?
 
Зенит не се откажува од Горан Пандев
Зенит од Санкт Петербург е упорен во својата намера да го ангажира Горан Пандев и до Лацио достави понуда вредна 13 милиони евра. Имено, понудата на Зенит е за само два милиона евра помала од таа што ја бара претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, за да почнат преговори за евентуалниот трансфер и се очекува рускиот тим во следните денови да ја зголеми понудата.
Повеќе...
Во Костарика луѓето се најсреќни
Жителите на Костарика се најсреќните луѓе на планетата, покажуваат резултатите од обемната анкета, која ја спроведе невладнината организација "The New Economics Fondation", за да испита каде во светот луѓето живеат најсреќно. Според анкетата, 85% од жителите на Костарика се среќни што живеат во оваа централноамериканска држава. Како критериуми биле земени во предвид степенот на задоволство на жителите, животниот век, и политиката која се води со цел за заштита на околината.
Повеќе...
 
Кралски пречек на Кристијано Роналдо
Кралскиот клуб го презентираше Кристијано Роналдо пред скоро полн Сантијаго Бернабе во спектакл кој сигурно ќе остане за паметење. Фановите на Реал Мадрид се собираа пред Сантијаго Бернабе во текот на целиот ден за да ја поздрават најголемата ѕвезда на светскиот фудбал во моментов. Презентацијата на Португалецот го надмина спектаклот на Кака и сигурно е на исто ниво како оној на Диего Марадона во Наполи, откако синоќа на Сантијаго Бернабе присуствуваа над 85.000 фанови.
Повеќе...
 
Мајкл Џексон ќе биде закопан без мозок
Бидејќи никакви тестови не можат да бидат направени додека не се стврдне ткивото на мозокот, семејството на Мајкл Џексон за да не го одложува погребувањето, одлучи пејачот да биде закопан без мозок. Од анализата на мозочното ткиво ќе се покажат точно кои лекови ги примал Џексон додека бил жив, а можеби ќе се открие и вистинскиот причинител за смрта на Џексон. Но во семејството Џексон се води војна на кој начин да биде закопан Кралот на поп музиката.
Повеќе...
 
Влатко Лозаноски на Славјански базар
Поп пејачот Влатко Лозаноски, замина за Белорусија, каде ќе ја претставува нашата земја на познатиот и престижен музички фестивал Славјански базар што ќе се одржи од 5 до 16 јули во градовите Витебск и Минск. Лозаноски на Славјански базар ќе пее во живо, во придружба на оркестар. А ќе настапи со две нумери. Едната е сосема нова и не е промовирана во јавноста, а другата е „Сонце не ме грее“.
Повеќе...
 
Мадона ги советува Деми и Ештон да посвојат дете од Малави
Поп кралицата, Мадона се обидува да ги убеди Деми Мур и Ештон Качер да посвојат дете од Малави. Мадона е долгогодишна пријателка со славната актерка и сака Деми и Ештон да тргнат по нејзините стапки, па семејството да го прошират со дете од таа сиромашна африканска држава.Извор близок на пејачката, изјавува дека Мадона вложува големи напори да ги убеди Деми и Ештон од кога и сама го посвоила малиот Дејвид и неодамна ќерката Мерси.  
Повеќе...
 
Википедија ќе се надгради со Видеопедија
Најпознатата онлајн енциклопедија, Википедија наскоро ќе добие и видеооддел. Во новиот оддел од енциклопедијата ќе може да се средуваат видеосодржини исто како што тоа до сега се извршуваше во текстуалниот дел на Википедија. Лицата што уредуваат текстови на Википедија за два до три месеци ќе можат да ја користат новата апликација „Ед медија“. Со вклучување на апликацијата се отвора интерфејс за додавање на видео материјали што не се заштитени со авторски права.
Повеќе...
 
Ријана стана тату мајстор
Пејачката од Барбадос почна да зема часови по тетовирање и со тоа покажа дека освен тоа што е одлична пејачка и танчерка, може да работи и како тату мајстор. Можноста да по нивното тело црта Ријана, не ја пропуштија неколку обожаватели, кои гордо ја покажаа буквата „R“, која Ријана им ја истетовира во едно од најпознатите студија за бодиарт во Њујорк. Ријана неколку пати покажа колку го цени бодиартот. Но овој пат таа ја покажа својата вештина на дело.
Повеќе...
 
Клиничка смрт
Жена од 60 години доживува инфаркт. Веднаш ја носат на операција, но за време на операцијата таа доживува клиничка смрт и оди кај Господ. Тој и вели: Не се секирај. Не ти е уште времето за умирање. Ќе живееш уште 30 години. Ајде сега врати се назад, зошто докторине се извадени од памет!Се враќа жената во телото, операцијата завршува, таа заздравува и ја пуштаат дома да закрепне.
Повеќе...
 
Матуранти!
Една баба си купила весник и заедно со внукот го листаат. Кога стигнале до крајните страници, бабата го прашува внукот: Внучко, кои се овие на сликите?
Повеќе...
 
Тамара победи на Европа пее
Тамара Тодевска го освои Гран При-то на првото издание на Интернационалниот избор на поп изведувачи „Европа пее“, што прв пат се одржа на тврдината Кастел во Бања Лука. Во конкуренција од седум имиња од Литванија, Ерменија, Бугарија, Хрватска, Полска, Србија и Босна и Херцеговина, Тамара ја освои првата награда со одлука на петчленото меѓународно жири, чиј претседател беше нашата поп-дива Калиопи, а членови беа:
Повеќе...
 
123 години тенис на Вимболдон
Најпрестижниот тениски турнир Вимблдон стигнува пред својот крај. Во текот на викендов на тенискиот Грен слем турнир во Вимблдон ќе се играат финалните мечеви. По вчерашните победи на Серена и Венус, оваа година повторно ќе гледаме „Вилијамс финале" во женска конкуренција. А тукушто стана познато и машкото финале. Роџер Федерер и Енди Родик ќе се борат за трофејот на годинешното 123-то издание на Вимболдон.
Повеќе...
 
Во затвор поради Твитер
Господин Анлеу бидејќи бил премногу исфрустриран од корупцијата во својата родна Гватемала, своите фрустрации ги искажал нa Twitter. Но поради овој потег, властите одлучиле да го пикнат во затвор. Пишувајќи под псевдонимот „jeanfer“, Анлеу ги замолил сите клиенти на Банрурал (банки за рурален развој) да ги повлечат своите пари поради тоа што управата на банката се нашла среде политички скандал.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 6 од 59