| Nokia 3720 отпорен на вода и прашина |
|
Nokia претстави нов мобилен телефон со релативно скромни перформанси, но затоа е отпорен на вода и прашина. За разлика од останатите телефони од оваа категорија, овој барем добро изгледа. Nokia 3720 може да се пофали со поддршка за EDGE, камера со резолуција од само 2 мегапиксели (со LED блиц), ФМ радио, Bluetooth 2.1 и можност за проширување на меморијата со micro SD картичка. |
Повеќе... |
|
Две проститутки разговараат: Што сакаш син ти да биде кога ќе порасне?Директор!Зошто директор?За да се расфрла со пари, нормално. А ти?Јас сакам да биде фудбалер.Зошто баш фудбалер? |
Повеќе... |
| Пато се ожени со актерката Стефани |
|
Ѕвездата на Милан, Александар Пато и го кажа судбоносното „Да“ на Стефани Брито. На церемонијата учествуваа бројни џет-сетери, но најмногу имаше фудбалери. 19-годишниот Пато и 22-годишната бразилска актерка, се венчаа во црквата Сао Франциско де Паоло во Рио де Жанеиро. Меѓу 250-те гости беа и сонародниците на Пато, Кака и Кафу, и спортскиот директор на Милан, Ариедо Браида. |
Повеќе... |
| Дали ковчегот беше празен? |
|
Комеморацијата за Мајкл Џексон, која се одржа во Стејплс центарот помина беспрекорно. Но американската јавност почна да се сомнева дека ковчегот, кој беше во Стејплс Центарот во Лос Анџелес бил празен. Фамилијата Џексон не го откри местото каде вчера беше закопан кралот на поп музиката, а некои од обожавателите се сомневаат дали тој воопшто и бил закопан. |
Повеќе... |
|
| Памела Андерсон во Црна Гора |
|
Холивудската ѕвезда, актерката Памела Андерсон (42) која е заинтересирана за инвестирање во Црна Гора, денеска пристигнува во Подгорица, јавија локалните медиуми. Како приврзаник на здравиот начин на живот и заштитник на природата, Андерсон е заинтересирана да вложи дел од своето богатство во неколку проекти на групацијата Атлас, во хотелско здравствениот комплекс во Подгорица. |
Повеќе... |
| Џерард до пензија на Енфилд |
|
Капитенот на англискиот премирлигаш Ливерпул, Стивен Џерард, потпиша нов четиригодишен договор со црвените, објавија англиските медиуми. Договорот усно бил заклучен уште во април, но дури сега следело потпишувањето, според кој Џерард сега ќе заработува 140.000 фунти неделно, и повеќе од сигурно дека ќе ја заврши кариерата во матичниот клуб. |
Повеќе... |
| Повикај пријател на училиште |
|
Средношколците во Австралија добија необична дозвола од својот професор. Тие за време на испит, доколку заглават на некое прашање, може да повикат пријател за да побарат точен одговор. Професорот Петер Рајнхард, инспириран од квизот „Кој сака да биде милионер“, на учениците им дозволува за време на испитите, телефонски да повикаат кој било: експерт, пријател или член од семејството, кој би можел да им помогне да го одговорат прашањето кое не го знаат. |
Повеќе... |
| Google со нов оперативен систем |
|
По долги години шпекулации, интернет компанијата Google, конечно најави дека следната година ќе го објави својот сопствен оперативен систем. Оперативниот систем, Google Chrome ќе биде едноставен ситем, коj на почетокот ќе биде прилагоден на едноставно сурфање и ќе содржи мноштво веб апликации, а кои воедно ќе можат да функционираат и во прелистувачите на други оперативни системи. |
Повеќе... |
|
| Најскапи градови за живеење |
|
Секоја година, "Мерсер Консалтинг" прави ранг листа на најскапи градови за живеење во светот. "Мерсер" собира информации од земји од целиот свет, споредувајќи ги трошоците за повеќе од 200 критериуми во секоја од земјите, како што се храна, домување, транспорт забава и слично. |
Повеќе... |
| Богатите мајки почесто раѓаат синови |
|
Едно холандско истражување покажа дека богатите мајки имаат поголеми шанси да родат машко дете. Научниците откриле фантастична врска меѓу финансискиот статус и соодносот на машки и женски деца, кои може да ги очекувате. Ова откритие само ги дополнува постоечките докази дека полот на детето не е само прашање на случајност, туку дека е условен и од начинот на живеење и од средината. |
Повеќе... |
| Најиздржливиот телефон на светот |
|
Land Rover создадоа мобилен телефорн, наречен S1, кој се смета за најиздржливиот телефон на светот. Ова е констатирано откако бил фрлен од втор кат, прегазен од слон и потонат во кал. Моделот прв пат бил тестиран на Монт Еверест, од страна на ветеранот истражувач Сер Ранулф Финес, кој го носел со себе во освојувањето на највисокиот врв во светот. S1 има батерија која издржува недостижни 1500 часа, и доаѓа во пакет со екстра гласен ринг тон. |
Повеќе... |
| Британски научници создадоа вештачка сперма |
|
Тим на Британски научници тврдат дека направиле историски чекор во медицината, создавајќи ја првата човечка сперма во лабораториски услови. Според нив, ова ја зголемува надежта за надминување на неплодноста кај мажите. Тие, во текст објавен во магазинот „Стем Селс енд Девелопмент“, признаваат дека сето ова е во почетна фаза и дека ќе бидат потребни најмалку пет години пред техниката на создавање сперма да стане совршена. |
Повеќе... |
|