Рандом Фотка

64185.jpg

Анкета

Што мислите за Лавиринт?
 
Најголеми трансфери во историјата
Сумата од 67 милиони евра за преселбата на Рикардо Кака од Милан во Реал Мадрид претставува втор рекорден трансфер во историјата на фудбалот. Најновото засилување на претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез, е за девет милиони евра помало од она со кое Зинедин Зидан за 76 милиони евра во 2001 година, дојде исто така на Сантијаго Бернабеу, но од Јувентус. На листата на петте најскапи трансфери уште еднаш е инволвиран кралскиот клуб.
Повеќе...
Apple го претстави iPhone 3GS
Компанијата Apple објави дека новата верзија на iPhone ќе се појави на пазарот во текот на месецов, поради што цената на актуелниот модел ќе падне на 99 долари. Ова го соопшти Филип Шилер, потпретседател на маркетинг одделот на Apple, за време на годинешната конференција на компанијата во Сан Франциско. Новиот iPhone 3GS работи со апликациите од 3 до 5 пати побрзо, има 3 мега пикселна камера со која може да се снимаат 30 фрејма во секунда, двапати подобар проток на WiFi интернет,
Повеќе...
 
Финале на Music Idol
Вечерва ќе се одржи големото финале од третата сезона на Музичкиот идол. Бојан Стојков, Магдалена Џанаварова, Русина Катарџиева и Преслава Мрвкова за последен пат ќе ги одмерат силите и ќе ги истакнат своите гласовни можности во борбата за престижната награда. Големиот концерт ќе трае 3 часа и ќе се состои од три дела. Во првиот дел финалистите ќе пеат своја омилена песна, во вториот ќе изведуваат песни со аранжман поинаков од оригиналниот,
Повеќе...
 
Бенитез го посакува Пандев на Енфилд
Рафа Бенитез го посакува Горан Пандев на Енфилд, објавија англиските медиуми. Според The People, примарна цел на Рафа Бенитез бил напаѓачот на Валенсија, Давид Виља. Но поради ограничениот буџет на Ливерпул, Бенитез нема да може да се натпреварува со Барселона, Челзи, Реал Мадрид за потписот на Виља, чија цена може да достигне и до 40 милиони фунти. Поради тоа Бенитез се насочил кон македонскиот интернационалец Горан Пандев.
Повеќе...
 
Паметниот Папагал!
Трпана влегува во продавница за домашни миленичиња и на излогот гледа еден папагал од 100 денари. Во што е штосот, зошто го продавате толку ефтино, прашала Трпана...Ех, знаете тој папагал живееше во јавна куќа, па кој знае што има научено таму.
Повеќе...
 
Витни Хјустон се враќа на сцената
По седум години пауза Витни Хјустон се враќа на сцената со нов, седми по ред албум, кој би требало да се појави на 1 септември. Овој албум се најавува како вистинско музичко освежување. По се изгледа дека и покрај тоа што заглави во пеколот на дрогата и насилниот брак со Боби Браун повторно е на нозе. Со ова Витни ги демантира сите оние кои мислеа дека кариерата и е завршена.
Повеќе...
 
Калиопи најдобар интерпретатор во Будва
На 16-от Интернационален фестивал Песна на Медитеранот во Будва, Калиопи ја доби наградата „Даворин Поповиќ“ за најдобра интерпретација на фестивалот. Калиопи настапи со песната Моето име, чиј автор на музиката и текстот е самата таа, а аранжманот е на Дарко Димитров. Покрај оваа песна, Калиопи учествуваше на фестивалот и како автор на музиката и текстот на песната Шарена со која настапи Тамара Тодевска, но и како автор на текстот на песната А море, која ја испеа Ламбе Алабаковски.
Повеќе...
 
Од сиромашно селанче до милионер!
Млад сиромашен ранчер, стана милионер преку ноќ, откако доби џекпот од 232 милиони долари. Што има поубаво од тоа да си толку сиромашен, што заради не плаќање данок државата ти ја одзема камп приколката во која живееш, и по само некое време на лото да ти се паднатат 232 милиони долари. 23-годишниот Нил Ванлес од Јужна Дакота е добитникот на 9-от по големина џекпот во историјата на САД, објави организаторот на наградната игра, лотаријата на Јужна Дакота.
Повеќе...
 
You Tube XL за телевизија
Google претстави верзија на You Tube каналот специјализиран за телевизија. Новиот интерфејс на сервисот е зголемен, со цел да биде пофункционален и да се гледа на телевизор или на голем монитор. You Tube XL функционира со секој уред, односно компјутер, мобилен, конзола како PlayStation 3.
Повеќе...
 
Животот во вселената ќе ги направи луѓето грди
Животот во Вселената негативно ќе влијае на човечкиот изглед бидејќи ќе придонесе за склоност кон дебелеење и опаѓање на косата. Според тврдењата на доктор Луис Дарнес, патувањата во вселената ќе ги направи луѓето помали, подебели и поќелави. „Животот во безтежинска состојба доведува до блокирање на развојот на коските и мускулите на вселенските патници.
Повеќе...
 
Игра доктори
Трпе му се жали на Перо:Перо, незнам што да правам, имам голем проблем.Кажи бе Трпе што те мачи?А бе сексот со жена ми многу ми е досаден, водиме љубов на секои две недели по 5 минути и толку. Ееее Трпе и мене ми беше досаден сексот се додека не почнавме да си играме Доктори со жена ми, сега сексот ми трае по 1 саат.
Повеќе...
 
Кака потпиша за Реал Мадрид
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Бразилецот Кака веќе е фудбалер на Реал Мадрид, соопшти денеска познатото списание „Ел Мундо Депортиво.“ Зинедин Зидан, кој е новиот советник на претседателот на Реал, Флорентино Перес, изјави дека трансферот со Милан е договорен. „Кака е веќе наш играч бидејќи потпиша договор. Ќе бидам среќен ако тој го земе дресот со број 5“, додаде популарниот Зидан.
Повеќе...
 
Ракометарките и Петковиќ подготвени за австријките
Женската ракометна репрезентација со нов селектор ќе ја пречека Австрија во недела (20:15 ч. во салата Борис Трајковски.) во првиот бараж-меч за пласман на Светското првенство во Кина, кое ќе се игра во декември годинава. Тактиката за далечниот пат кон Кина ќе ја кова Јошко Петковиќ, кој ќе го замени Владимир Глигоров. Глигоров два дена претходно поднесе оставка од селекторската функција поради тоа што без негова согласност бил ангажиран Петковиќ како селектор.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 11 од 59